Левица на „историска“ средба со КП на Кина, ќе гради братски односи

Левица објави денес дека имала „историска“ средба со преставници на КП на Кина во Скопје.
-Во духот на меѓународна солидарност и заедничките идеали, висока делегација на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, ја посети централната канцеларија на Левица во Скопје. Во рамките на посетата, во срдечна и другарска атмосфера беше остварена и работна средба помеѓу президиумот на Партијата, на чело со претседателот Димитар Апасиев и кинеските претставници, при што во фокус беше размената на искуствата и идеолошкото зајакнување на меѓусебната соработка.
Делегацијата на КПК беше запознаена и со структурата и активностите на Левица, нејзиниот историјат и долгорочната визија за партијата, но и за Република Македонија. Оваа важна средба отвора врати за идна соработка и претставува значаен чекор кон продлабочување на братските односи со Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ, врз основа на взаемно почитување, еднаквост и заеднички визии за иднината.
Остануваме посветени кон унапредување на дијалогот, интернационализмот и солидарноста помеѓу сите народи на светот, што е суштински дел од нашата надворешно-политичка стратегија во услови на еден нов мултиполарен свет, овјави Левица.