Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник на Скопје


Фото: Б. Грданоски

Левица за локалните избори се откажа од проектот од минатите избор кога поддржаа независен кандидат за Скопје, а сега партијата ќе оди со свој партиски кандидат. Тоа го соопшти претседателот на партијата, Димитар Апасиев, во интервју за ТВ 24.

Левица објави оглас за кандидати за градоначалници, на кој се пријавиле 20 лица. Од утре ќе ги разгледуваме нивните апликации, изјави Апасиев.

Тој рече дека кампањата ќе биде валкана и дека најголемите ,,удари” ги очекува од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие избори владејачката партија ќе истури огромни пари.