Левица ја оспори пред Уставен суд владината одлука за изградба на ветерни и фотоволтаични централи кај Студенчица
Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува владинаta одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.
-Ја известуваме јавноста дека партијата Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува контроверзната владина одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.Ова подрачје е од огромен јавен интерес и во истото досега не беше дозволено да се градат објекти, заради заштита на здравјето над 10% од популацијата во Македонија.
Со оваа иницијатива, недвосмислено покажуваме дека јавниот интерес е императив пред бизнис-интересите на елитата и дека ќе ги искористиме сите механизми за да ги зачуваме здравјето, благосостојбата и пристојниот живот на македонскиот народ.
За разлика од бизнис-партиите кои ги застапуваат интересите на олигархијата во Македонија, Левица секогаш ќе се става на страната на обесправените слоеви, соопшти Левица.