Левица: Имаме инспектор за албански јазик, а немаме за македонскиот!


Веднаш по празниците, покрај овој Закон за патни трошоци, ние ќе поднесеме и Закон за посебен инспекторат за државни инсигнии”, истакна пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во емисијата „24 анализа“.
 
– Дали знаете дека ние кога поднесовме претставка против еден министер на ДУИ, што го стави само албанското знаме, од инспекцискиот совет ни одговорија дека не постои инспекторат на толкава служба. На толкави бирократии кај нас, не постои надлежен инспектор за знамињата, грбот и за химната – додаде Апасиев.
 
– Значи, имаме инспектор на диво за албански јазик, кој ќе дојде да види дали печатите, штембилите ви се двојазични, ама немаме инспектор за македонскиот јазик. Видете кој е апсурдот, немаме инспектор за македонската химна! Во која држава ние живееме? – образложи претседателот на Левица.