Левица бара оданочување на екстра профитот

-Хрватска е уште една земја – членка на ЕУ која ќе го оданочи екстра профитот, следејќи го примерот на Шпанија, што го поставува прашањето: зошто оваа ЕУ-фундаменталистичка Влада не го следи овој пример?Во Хрватска сите субјекти чии приходи се повеќе од 39,7 милиони евра ќе плаќаат екстра данок на добивка и тие средства ќе се користат исклучиво за помош на најзагрозените, а не за полнење на државниот буџет. Стапката на данок на добивка во Хрватска е 18 отсто, а дополнителниот данок ќе зависи од нивото на добивка во 2022 година, што ќе биде 20 отсто над просекот за последните четири години.
Во оваа насока, пратениците на Левица поднесоа предлог-закон со кој требаше да се интервенира во профитот на банките што доаѓа од некаматни приходи, односно од провизии. Кога пратениците од СДС и ДУИ гласаа против ваквото законско решение, очекуван е нивниот отпор дополнително да го оданочат екстра профитот на банките, како што направија тоа дел од земјите на ЕУ. Во овие кризни времиња, кога сите треба да понесат дел од товарот, што значи дека оние кои имаат повеќе треба да им помагаат на оние кои имаат помалку, владата на СДС и ДУИ продолжува да ги штити профитите на олигарсите и крупниот капитал, на штета на се поосиромашените граѓани“, порачуваат од Левица.