Ленин Јовановски ќе преговара со Владата за решавање на проблемот со приватните превозници


Претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ денеска изјави дека официјално поднеле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба.

-Нашиот претставник и директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски ја презема улогата во преговорите со Владата. Ингеренциите што до денеска ми беа дадени престануваат. Од сега ве упатувам на адреса на Јовановски за сите наредни чекори и детали, рече Муриќ.

Тој истакна дека засега немаат конкретен датум за средба, но очекува многу скоро да се случи тоа.

-Го исполнивме апелот на премиерот за ослободување на крстосниците и повлекување на блокадите, кажа Муриќ и додаде дека нивно примарно барање е долгот од ЈСП Скопје, како и динамиката на исплата.

Од синоќа е прооден булеварот „Илинденска“ откако превозниците ги тргнаат автобусите кои со денови беа паркирани пред Градското собрание.