Ленче Ристоска: Два месеци ме клеветеа и укажуваа дека треба да ја повлечам кандидатурата

Обвинителката Ленче Ристоска се огласи на Фејсбук откако Влада без објаснување ја повлече листата од тројца кандидати кои беа во трката за судија во Судот за човекови права во Стразбур.
Според препораките на Советот на Европа, постапката мора да биде извесна и однапред пропишана, фер и транспарентна. При вакви услови сосема е нормално и прифатливо и да не сте најдобриот кандидат и да не ја добиете позицијата за која аплицирате. Најповикани и најстручни да ги оценат кандидатите во рамки на националната селекција се Комисијата која беше формирана со оваа цел, како и советодавното тело на Советот на Европа, кои токму затоа се дел од процесот за предлагање на кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права, а Владата согласно препораките на Совет на Европа мора да го оправда секое отстапување од листата утврдена од Комисијата, напиша обвинителката на Фејсбук.