Лекар во Германија исчезна пред половина година – бил убиен

Германската полиција го пронајде телото на исчезнатиот 53-годишен лекар Штефен Браун во шума, соопшти јавниот обвинител Ерик Самел. Обдукцијата утврдила дека исчезнатото лице е убиено на „брутален начин“. Самел претпоставува дека сторителот или сторителите доаѓаат од непосредната околина на Браун. Инспекторите не сакаа да зборуваат за личните и семејните околности на жртвата.
Полицијата го бараше Браун од 3 јануари, кога возач го откри изгорениот автомобил во близина на Витлих во државата Рајнланд-Пфалц. Утврдено е дека некој намерно го запалил автомобило „форд фиеста“. Инспекторите претпоставувале дека Браун е убиен, иако во тоа време сè уште го немале телото, пишува Билд.
Планинар наишол на дел од труп
Телото на крајот беше пронајдено во шумска област североисточно од Рокескил, помалку од четири милји од живеалиштето на Браун. Локацијата на која е пронајден автомобилот е оддалечена речиси 40 километри. Според јавното обвинителство и полицијата во Трир, планинар пронашол „дел од човечки труп“ во вторникот доцна попладне, а полицијата го открила остатокот од телото во близина.
Инспекторите претпоставуваат дека оружјето за убиство можеби било фрлено некаде покрај автопатот помеѓу Геролштајн и Витлих. Инаку, Браун работел како лекар во болницата „Марија Хилф“ во градот Даун, а последен пат бил виден жив таму на 30 декември минатата година.
Не се пронајдени лични предмети на жртвата
Неговиот работодавец го пријавил како исчезнат на 3 јануари бидејќи не се појавил на работа. Полицијата ја пронашла црната „форд фиеста“ на Браун на шумски пат околу 6 часот наутро. Браун носеше очила и слушни помагала. Неговите лични предмети (мобилен телефон, чанта, облека и голем куфер) не се пронајдени.
Бил висок 170 сантиметри, тежок околу 85 килограми, ќелав и имал тетоважа на левата страна од градите. Државното обвинителство во Трир понуди награда од 5.000 евра за информација која ќе доведе до истрага на делото и апсење на сторителот.