Лефков: СДС преку Еразмус плус ја финансирале сопругата на Апасиев

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга да бара пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Миле Лефков.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев – Тамара Јованов Апасиева – добива европски пари.Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии.
Како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС? Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица? Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС?„-праша Лефков.