Лефков: Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот


Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа? – праша денес пратеникот Миле Лефков, за кој бугарски извори тврдат дека има 20 членови во семејството што аплицирале за бугарски пасош.

-Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот. „Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од rезолуцијата на ЕП.

Особено треба да имаме во предвид дека Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски му пренесуваше поздрави на Борисов од Заев ословувајќи го Бојко љубави. Дополнително истиот тој Зоран Заев велеше дека македонскиот народ и бугарскиот се исти, и дека зборуваат ист јазик.

Кога ќе се земе сето ова во предвид, се поставува логичното прашање, дали СДС, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на ЕП?

И истите овие структури, СДС и бугарските печурки во Македонија како Андреј Жерновски, ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски. Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија тие ги штитат бугарските интереси, тврди Лефков.