Леброн Џејмс ќе го носи американското знаме на отворањето на ОИ во Париз


Вашингтон– Кошаркарот Леброн Џејмс ќе го носи американското знаме на отворањето на Олимписките игри во Париз, соопшти денеска Олимпискиот комитет на САД.

Џејмс (39) ќе настапи на  своите четврти Игри во Париз, досега освоил три медали, златни во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, како и бронза во Атина 2004 година.

Така тој ќе стане првиот кошаркар кој ќе го носи американското знаме на отворањето на Олимпијадата,.

Најголем број спортисти на Олимпијадата ќе има САД – 592, а потоа домаќинот Франција со 573 учесници.

Отворањето на ОИ ќе биде во петок во 19:30 часот.