ЛДП против широка влада
„Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“, напиша на својот фејсбук профил Горан Милевски, претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа по понудата за можна заедничка влада која ја најави премиерот Зоран Заев.
Ова следува откако вчера премиерот Зоран Заев ја изненади јавноста со една идеја за заедничка Влада со ВМРО-ДПМНЕ, само неколку дена откако 62 пратеници му изгласаа доверба во Собранието, со тоа потврдувајќи го парламентарното мнозинство.