ЛДП бара да престане расфрлањето со парите на граѓаните
Ова е еден од заклучоците на Централниот одбор на Либерално-демократската партија одржа денес Централен одбор на кој беше порачано дека за ДП секогаш ќе биде важно на какви идеали ќе се темели владината коалиција и која програма ќе се застапува.
„Од тоа ќе зависи нашата одлука за коалицирање, бидејќи нашиот приоритет е развој на државата и подобрување на секојдневието на секоја личност. Луѓето нѝ се најголем ресурс, мораме да ги задржиме и да им понудиме просперитетна иднина“, посочи претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
Од ЛДП додаваат дека ќе инсистираат на нивната иницијатива за кратење на прекумерните непродуктивни буџетски трошоци. Треба да престане расфрлањето на парите на граѓаните на централно и локално ниво, кое Македонија веќе не може да го издржи. Мора да дојде до итно кратење на надоместоците на комисиските членови во управни и надзорни одбори , како и агенции кои се четири пати повисоки од просечната плата, односно воведување на лимит на износот на овие надоместоци до минималната плата во државата. Ќе инсистираме на формирање работна група во која покрај пратениците би биле вклучени и експерти од владата се со цел да се донесе одлука која ќе ги заштитат централниот и општинските буџети од расфрлање и ќе се намали финансирањето на непродуктивната администрација. Партијата ќе понуди решенија и кадри за решавање на овој голем проблем.
—