Лажна дојава за поставена бомба во ООУ „Киро Глигоров“


Фото ; Б. Грданоски

Општина Центар ги информира граѓаните дека станува збор за лажна дојава која утринава преку електронска пошта стигна на адреса на училиштето.

Веднаш по добивање на веста случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што од училиштето евакуирани се сите ученици. Родителите на децата од помалите одделенија се известени и истите се повикани да ги земат децата од училиште.

Од страна на полициските службеници преземени се сите мерки и антитерористички проверки по што е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Ова е втора дојава за бомба во основно училиште во Општина Центар. Изминатиов период дојава за бомби преку електронски пат имаше во неколку средни и основни училишта во Скопје и во неколку државни институции.

Општина Центар апелира на смиреност. Во соработка со надлежните институции ги презема сите неопходни мерки за заштита на учениците и сите вработени во образовните институции.