Лажна дојава за поставена бомба привремено го затвори аеродромот во Софија
Лажна дојава за поставена експлозивна направа го затвори аеродромот во Софија околу еден час, при што беа евакуирани двата терминала, соопштија од аеродромот.
Во соопштението од аеродромот се наведува дека не е пронајдена експлозивна направа или опасни материи и на патниците им дозволено да се вратат на терминалите.
Претходно два терминала на аеродромот во Софија беа затворени по анонимна дојава за поставена бомба.