Лажна дневна паркинг карта се појави на ПОЦ
Ве известуваме дека денес пријавена е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК)
при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На
неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а
истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама
да се извлечат парични средства.
Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип
веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на
претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk .
Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и
информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните, соопштија од ПОЦ.