Лавров: Соединувањето на Крим со Русија е реалност, сакале другите или не


Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека прашањето за повторно соединување на Крим и Русија е завршено и оти никаков надворешен фактор не може да ја смени таквата ситуација.

Тој денеска на презентацијата на збирката „Крим во развојот на Русија, историја, политика, дипломатија. Архивски документи на Министерството за надворешни работи на Русија“ рече дека „Крим и Русија се повторно соединети за општо добро и оти ниту една странска декларација на САД, ЕУ или НАТО не може да го измени тој факт“.

– Прашањето на повторно соединување на Крим со Русија е решено без разлика дали тоа некому се допаѓа или не, нагласи Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека полуостровот во последно време е се повќе посетуван од странски претставници од политички, општествени, деловни и културни кругови, вклучувајќи ги и европските, и тие самите можат да ја видат реалноста на Крим и да се уверат дека жителите цврсто стојат зад изборот, кој самите го направиле.