„Лајка“ организираше отворен ден за љубителите на кучиња


По повод Светскиот ден на бездомните кучиња 4-ти Април, ЈП Лајка оваа недела организираше отворен ден за вистинските љубители на кучиња кои пријавувајќи се на нашата електронска адреса [email protected] имаа можност да уживаат, да се дружат, да играат, да ги хранат и чешлаат кучињата во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.  Им благодариме на сите што заедно со нас го одбележаа овој ден со својот волонтерски придонес, како и донирајќи храна за кучињата.

Отворените денови во Лајка видно придонесуваат во подигнување на свеста за подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња. Притоа, беа испочитувани сите протоколи и мерки пропишани за КОВИД-19.