„Лајка“ организираше кучешки маскенбал (Галерија)


Јавното претпријатие „Лајка“ денес во Градскиот парк организираше настан за да ја зголеми јавната свест дека и кучињата заслужуваат живот, па и забава. 

Пред градската школка продефилираа повеќе кучиња маскирани во првоаприлски костими а меѓу нив имаше и улични, од редот на тие што се згрижени од „Лајка“ и чекаат вдомувања.

Се покажа дека кучињата, без оглед на расата, можат да бидат исто толку интересни како и децата и да уживаат во забавата, на која беше обезбеден диџеј и се даваа награди за најдобрите и најсмешните костими или маски.

Спајдермени, рокери, пчелички, принцези, Шкотланѓани, мики мауси , еднорог, пеперутка, каубоец и куче – коњ, беа меѓу најиновативните маски.