Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани.

– Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време, напиша Фон Дер Лајен на Х.

Сочуство за несреќата инаку изразија многу соседски и светски политичари, од генералниот секретар на НАТО, косовскиот  премиер  Албин Курти, минустерот за надворешни работи на Казахстан, претседателката на Косово Вјоса Османи, највисоките функционери на Албанија, на Србија, на Грција, на Бугарија, на Украина , на БиХ, Марта Кос од ЕУ, Каја Калас и многу други. Сочуство попладнето стигна и од амбасадата на Русија.