Лагард поради американските царини ја повика Европа на „од кон независноста“


Трговската војна што ја иницираше американскиот претседател Доналд Трамп треба да предизвика „од кон независност“ на Европа, изјави денеска претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

– Тој (Трамп) тоа во САД го нарекува „Ден на ослободувањето“, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе во свои раце и мислам дека тоа е од кон независност, истакна Лагард за радиото „Франс Интер“, опишувајќи ја ситуацијата како „егзистенцијален момент за Европа“.

Трамп вчера најави дека на 2 април, како што го нарече „Ден на ослободување“, ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, со кој ќе бидат опфатени сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.

– За да бидеме во добра преговарачка позиција, мораме да покажеме оти не сме подготвени да се откажеме, посочи Лагард додека Европска Унија подготвува одговор на американските царини.

Според ЕЦБ, еврозоната би можела да забележи пад на Бруто домашен производ (БДП) за 0,3 отсто поради трговската војна на американскиот претседател и за 0,5 проценти во случај на европски одговор, во првата година од спроведувањето на овие мерки.

– Трговската војна создава само губитници, наведе Лагард.