Курти попушти – се согласува за нови избори на северот на Косово


Фото: Б. Грданоски

Брисел – Албин Курти изјави дека се потребни нови избори во четири општини на северот на Косово бидејќи излезноста била мала и додаде дека разбира оти легитимитетот е нецелосен.

„Од друга страна, мораме да најдеме законско решение, а не да работиме надвор од законот. Можна е граѓанска петиција во која ќе им биде прекинат мандатот на градоначалниците на тие општини. Јас сум подготвен да помогнам во тоа, но не можеме да одиме по диктат за градоначалници и незаконски решенија, тоа би создало дополнителен проблем“, изјави косовскиот премиер за новинарите во Брисел.

Тој тврди дека полициските акции на северот на Косово се „реакции на разни насилни екстремисти“, и дека тоа не се полициски акции, туку реакции.