Курти дојде на Преспа форумот
Премиерот на Косово. Албин Курти, кој е под силен притисок на меѓународната заедница да го стабилизира Косово и да ги исполни договорите потпишани досега со Србија, дојде на Преспа форумот со Струга. Дали ќе зборува – не се знае, бидејќи неговото име го нема во официјално објавената генда на говорници за денеска. сепак Курти имаше кој да го пречека во Струга.
Како што објави лидерот на ДУИ Али Ахмети тој утрово имал средба со косовскиот премиер придружуван од шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи и вицепремиерот Артан Груби. И покрај сите титули средбата очигледно е партиска и на еа Ахмети го осудил киднапирањето на тројцата косовски полицајци нарекувајќи го тоа српска провокација.

-Со Курти го осудивме чинот на киднапирање на тројца косовски полицајци од страна на српските специјалци, нарекувајќи го чин на провокација што треба итно да се коригира од Србија.Никој не може да го наруши интегритетот и територијалниот суверенитет на Република Косово што ги гарантира меѓународниот фактор.Продолжувањето на дијалогот со посредство на нашите стратешки партнери, Европа и САД, е неопходно во духот на меѓусебното признавање.
Нашата земја и Косово ќе застанат заедно на хоризонтите на развој и интеграција, поддржувајќи се братски во сите предизвици, напиша Ахмети на фејсбук.
Неофицијално се слуша дека САД го намалиле нивото на форумот токму поради поканата до Курти и Вјоса Османи да бидат меѓу главните учесници, во време кога Вашингтон и поставува ултиматуми на Приштина и подготвува санкции. Место во Преспа да разговара со Курти Габриел Ескобар денес ќе има онлајн брифинг за состојбата меѓу Србија и Косово од далечина. (Н.В.)