Куомо: Њујорк се „затвора“ во петок во 22 часот
САД – Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо воведе нови ограничувачки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, откако нареди кафулињата, рестораните и спортските сали низ целата земја да бидат затворени во 22 часот, објави Си-Ен-Би-Си њуз.
Новите мерки ќе стапат на сила во петок, а ќе бидат воведени следниот ден откако Калифорнија и некои други земји во Соединетите Американски Држави ги заострија ограничувачките мерки.
„Ова е нашата последна шанса да го запреме вториот бран“, порача градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио на Твитер.
Тој наведе дека просечната стапка на позитивни тестови за една недела е 2,5 проценти.
Државните училишта ќе бидат затворени и ќе се ремине на онлајн настава доколку стапката надмине три проценти.