Куманово во 2025 ќе има речиси 49 милиони евра буџет, основен речиси 23 милиони
Куманово за 2025 година ќе има буџет од речиси три милијарди денари. Советот на општина Куманово го изгласа буџетот кој изнесува 2.991.022.424 денари, од кои основниот е 1.402.411.427 денари, приходи ос самофинансирачки активности 76. 735. 984 денари, приходи од дотации 1. 483. 468. 354 и приходи од донации 28. 406. 569 милиони денари.
-Буџетот е за пет проценти зголемен во однос на ребалансираниот или за 15 проценти повеќе во однос на минатогодишниот кој е важечки од кој сè уште трошиме за 2024-та година, рече раководителката на секторот за финансии, Виолета Димитриевска.
Во основниот буџет предвидени се приходи и расходи по однос на четиринаесет програми, совет, градоначалник администрација, урбанизам, локален економски развој, програми за култура, спорт, рекреација, социјална програма, образаовние, противпожарна заштита, за животна средна, родова еднаквост, заштита и спасување.
Куманово ќе инвестира во зоната Речица, за што ќе користи и пари од Владата, ќе гради крстосница, ќе проширува булевар, ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа, ќе асфалтира, реконструира улици. Развојниот буџет изнесува 416. 558. 791 денари.
Против овој буџет беа советниците од опозицијата предводени од СДСМ кои кажаа дека буџетот не е развоен. Тие за прв пат не го поддржаа буџетот, иако претходните години гласаа за буџетите.