„Куќата на Гучи“ и „Моќта на кучето“ со по три номинации за наградите на Здружението на актери


САД- Драмата од високата мода „Куќата Гучи“ и вестернот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) водат на листата на номинации објавени во средата за холивудските Screen Actors Guild Awards. Со по три номинации, за актерските изведби пред сѐ, за најдобра актерска екипа и за изведби на ѕвездите Лејди Гага и Џаред Лето,  и за актерите Бенедикт Камбербач, Кирстен Данст и Коди Смит Мекфи. Но вестернот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) беше исклучен од кандидатите кои се натпреваруваа за најдобра актерска екипа, исто како и римејкот на мјузиклот „Прикзна од западната страна“ (West Side Story) на Стивен Спилберг.

Наградите, за кои гласаат членовите на актерскиот синдикат САГ-АФТРА, внимателно се следат како индикатори за тоа кои филмови ќе поминат добро на церемонијата на „Оскарите“ во март. Актерите ја сочинуваат најголемата група која ќе гласа за престижните „Оскари“.

Филмовите кои ќе го предизвикаат „Гучи“ за најдобар актерски тим се „Белфаст“ – сторија за семејство кое живее среде конфликтот во Северна Ирска во доцните 1960-ти, „КОДА“ – приказна за заедницата на глуви, „Крал Ричард“ – биографски филм за таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс, и „Не гледај нагоре“ – црна комедија, алегорија на климатските промени.

Во „Гучи“, Гага ја портретира Патриција Реџани, амбициозна аутсајдерка која се мажи за наследникот на модната династија и потоа го нарачува неговото убиство. Во конкуренција е со

Џесика Честејн (“The Eyes of Tammy Faye”), Оливија Колман  (“The Lost Daughter”),  Џенифер Хадсон (“Respect”) и Никол Кидман (“Being the Ricardos”)  .

 Џаред Лето е во трката за најдобра машка споредна улога, во конкуренција со  Бен Афлек  (“The Tender Bar”), Бредли Купер  (“Licorice Pizza”)  , Трој Котсур  (“CODA”) и Коди Смит Мекфи  (“The Power of the Dog”) .

Бенедикт Камбербач за најдобра машка улога е во конкуренција со Хавиер Бардем (“Being the Ricardos”)  , Ендрју Гарфилд (“Tick, Tick … Boom!”) , Вил Смит (“King Richard”) и Дензел Вашингтон  (“The Tragedy of Macbeth”) .

Кирстен Данст за најдобра ѓенска споредна улога е во конкуренција со Каитиона Балфе (“Belfast”)  , Кејт Бланшет (“Nightmare Alley”)  , Ариана ДеБосе (“West Side Story”) и Рут Нега (“Passing) .

Планирано е САГ-наградите да бидат доделени на церемонија што ќе ја пренесува телевизија во живо на 27 февруари, еден месец пред „Оскарите“.