Кубацки со лет од 144 метри го собори рекордот и победи на Гармишпартенкирхен


Полскиот скокач и минатогодишен освојувач на турнирот Четири скокалници Давид Кубацки и оваа година се истакнува во кандидатурата за освојување на трофејот на најпознатиот турнир во ски-скокови.

Имено, тој денеска победи на вториот натпревар во Гармишпартенкирхен.

Со одличен скок во втората серија дојде до победа пред Норвежанецот Халвор Егнер Греанеруд и сонародникот Пјотр Зиле.

Кубацки во првиот скок имаше 139 метри, а во вториот обид скокна 144 метри и така го собори рекордот кој досега го држеше Швајцарецот Симон Аман (143,5 метри).

Во вкупниот поредок прв е Гранеруд со 555 бодови, четири помалку има победникот од Оберсдорф Карл Гајгер, а Сток и Кубацки се следни на трето и четврто место.

Утре и задутре следуваат натпреварите во Инсбрук, а потоа завршницата во Бишофсхофен.