Крводарителска акција за патронатот на ООУ ,,Лазо Ангеловски” – собрани 33 единици крв

Под мотото ,,Кој ќе спаси еден живот, го спасил целиот свет” во понеделникот, во просториите на основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа акција за дарување крв.
-Во акцијата учествуваат вработените во училиштето, родителите и жителите од најблиската локална средина, а факт што особено радува е големиот одзив на сите акции од хуманитарен карактер. Преку хуманост и солидарност на дарувањето крв сакаме да им покажеме на нашите ученици и деца дека дарувањето крв спасува живот и е можност да се продолжат многу човечки животи – соопштија од Општина Аеродром.
Оваа крводарителска акција е на иницијатива на Советот на родители од училиштето и се одржува втора година по ред, во соработка со Црвениот крст.
Годинава собрани се 33 единици крв, а 15 граѓани кои сакале да дадат крв биле вратени поради пониско ниво на хемоглобин.
Лани, во акцијата беа собрани околу 40 единици крв.