Крос-трка на деца од скопските градинки по повод Меѓународната недела на здравјето

По четврти пат оваа година ЈУ Детски културен центар „Карпош“ ја организира крос – трката по повод Меѓународната недела на здравјето, информираат од установата.
– Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината. Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк со почеток во 11 часот. Трката ќе се трча на 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4×50 метри, се наведува во соопштението на установата.
Како што се појаснува, целта на манифестацијата е да се одбележи Меѓународниот ден на здравјето и да се испрати порака – „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе допринесат за долг и здрав живот“.