Крњево и делови од Аеродром и Ѓорче Петров, утре без струја

Без струја утре ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН.
-На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (Општина Центар“); во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица „Божидар Рајковиќ“ (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. „Горноврановска“ (општина Аеродром) и во периодот од 08.10 до 12.00 часот дел од ул. Горно Лисиче (општина Аеродром), се наведува во соопштението на РЦУК.
Исто така во периодот од 08.10 до 16.00 часот, ќе немаат електрична енергија корисниците на ул. „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшкоци“, „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров.