Крмов: ВМРО-ДПМНЕ спроведува политичко насилство врз ССМ

Пратеникот нА Левица, Борислав Крмов во дебатна емисија на ТВ 24 го коментираше барањето за зголемување на минималната плата, п при што обвини дека власта врши притисок за преземање и делегитимирање на ССМ.
-Ова е политичко насилие уште во првите 8-9 месеци од владеењето на ДПМНЕ само затоа што претседателот на синдикатот бара повисок минималец. Го гледаме Живко Митревски, вечниот синдикалец на ДПМНЕ, провласт синдикалец, којшто во времето на Груевски одбиваше да организира протести затоа што “сѐ било супер” во државата. Позади сцена, се спрема да му го земе местото (на актуелниот претседател) и одиме кон целосна делегитимизација на ССМ. Зборуваме за синдикат со 60.000 члена. За жал, тој насилнички нарав на ДПМНЕ од Груевски го гледаме сега во пракса преку овој притисок врз ССМ, рече Крмов.