Криза во ЦДУ: Наследничката на Меркел поднесува оставка


Анегрет Крамп-Каренбауер ќе се повлече од функцијата лидер на германските владејачки христијански демократи и нема да биде кандидат на партијата да ја наследи Ангела Меркел како канцелар, јавија германските медиуми во понеделниот.

Крамп-Каренбауер, која нашироко се сметаше како претпочитан наследник на Меркел кога таа ќе се повлече од канцеларската функција во 2021 година, ја соопштила својата одлука на состанокот на партискиот извршно тело во понеделникот, пренесува „Билд“. По нејзината објава сите молчеле.

Таа рече дека ќе остане германски министер за одбрана само ако нејзината партија и парламентарната група ја поддржат, јави „Билд“.

Според информациите на повеќе медиуми Крамп-Каренбауер сака да го организира процесот на кандидатура за канцелар во текот на летото и потоа да го предаде партискиот стол.

Според информациите на „Фокус онлајн“, Крамп-Каренбауер  изјавила дека дека партиското претседателство и кандидат за канцелар или канцеларство треба да бидат во една личност. Сè друго ја ослабува ЦДУ.

Меркел, исто така, многу ѝ се заблагодарила на Крамп-Каренбауер.

Крамп-Каренбауер се најде под критики во текот на контроверзниот избор на премиер во Тирингија. Нејзината лидерска слабост беше докажана од различни страни – од една страна затоа што се случи изборот на кандидатот на либералите, Томас Кемерих, со гласови на ЦДУ и АфД, од друга страна затоа што не беше во можност да ја наметне својата политика во справувањето со конфликтот во Тирингија. (Според агенциите)