Криза со дрога и бездомници во Сан Франциско


Ова е чуден град кој забранува пластични сламки, но дозволува пластични игли. Сепак, тоа е Сан Франциско денес. Помеѓу 2020 и 2022 година, 1.985 луѓе овде починале од предозирање со дрога во споредба со 1.143 од Ковид-19.

Прашања што ги погодуваат сите жители на Сан Франциско се напуштениот центар; бегството на средните и големи бизниси, највисоките стапки за рентирање на комерцијални канцеларии од кој било голем град во САД; планирањето политики кои се еднакви на виртуелен граничен ѕид што го опкружува градот; трошоци за домување кои го прават премногу скап за сите освен за богатите или заробените од сиромаштија; државен училишен систем чиј упис е намален и во кој има само 55 отсто познавање на англискиот јазик и 46 отсто познавање на математика (со стапка на познавање на математика од 9 отсто за црните ученици) и полициско одделение кое има недостиг од 645 полицајци.

Но, без справување со отворените нарко пазари во Сан Франциско и камповите за бездомници, напорите за решавање на овие проблеми ќе бидат неплодни. Фентанил, синтетичката дрога која е 50 пати помоќна од хероинот а е многу поевтина од него претвори многу блокови од градот во зони за зомби. Надвор од шокантното губење на потенцијалот, употребата на дрога и шаторите за бездомници трошат огромен дел од годишниот буџет на Сан Франциско од 13,95 милијарди долари. Директните градски трошоци за бездомници се зголемија од околу 200 милиони долари за фискалната 2016 година на 680 милиони долари оваа година. Дури и оваа бројка не се приближува до вистинските трошоци бидејќи не го вклучува товарот што дрогата и бездомништвото го носат на полицијата, пожарникарите и одделенијата за јавни работи, локалните болници и судството.

Ништо од ова не се случи преку ноќ – тоа е ситуација која се создаваше со децении и за која придонесоа државните и федералните политики. Но, голем дел од тоа е резултат на вешто политиканство. Сан Франциско има избран градоначалник, но има и одбор на надзорници, кои претставуваат 11 различни делови од градот, од кои секој има моќ да ја спречи секоја градоначалничка иницијатива. Помалку од 9.000 гласови може да бидат доволни за да победи надзорникот – мал дел од 501.930 регистрирани гласачи во Сан Франциско. А, благодарение на  границата за мандатите во градот, супервизорите можат две третини од нивниот работен век да поминат на позицијата.

Работите дополнително ги комплицираат локалните предлози што се појавуваат на секое изборно ливче и кои, иако се прикажани како начин граѓаните да ги контролираат избраните функционери, во голема мера се контролирани од 11-те „градоначалници на окрузите“ во Сан Франциско. Изборниот формулар од ноември минатата година содржеше 14 мерки – чиј јазик, во најголем дел, беше дизајниран да ги замагли основните прашања.Еден резултат на ваквите мерки е постоењето на 130 надворешни комисии кои надгледуваат десетици градски одделенија. Уште  покорозивно е расцепеното племенско политичко тело склоно кон манипулација од страна на неколку луѓе кои доминираат во јавните расправи, поднесуваат тужби и играат го гласовите како машина за флипер.

Кризата со дрогата и бездомниците во Сан Франциско може да се реши, но тоа би значело промени во механизмот на власта и координирана политичка волја. Неколку европски градови, вклучувајќи го и ултрапрогресивниот Амстердам, го отворија патот. Потребно е координирано и истрајно спроведување на програми за намалување на штетите, доволно јавни засолништа, посветеност за третманот на оние кои се опасност за себе и за другите, видлива полиција, судство што го спроведува законот и — најмногу од сè — промена во арматурата на власта. (Сан Франциско)