Кристофер Нолан стана најплатениот режисер на сите времиња


Кристофер Нолан стана најплатениот режисер на сите времиња по неговата последна плата за Опенхајмер. Филмот од 2023 година ја следи приказната за научникот Џ. Роберт Опенхајмер, кој го игра Килијан Марфи, и неговата улога во развојот на атомската бомба што се користеше во Втората светска војна.

На 96-тото доделување на Оскарите на 10 март, Опенхајмер освои седум награди, меѓу кои и за најдобар филм. Марфи го освои Оскарот за најдобар актер, додека Нолан освои две награди, вклучувајќи ја и најдобрата режија.

Variety пренесува инсајдерски извори дека Нолан заработил нешто помалку од 100 милиони долари за режијата на најголемиот минатогодишен филм. Во таа бројка е вклучена неговата плата, бонус за успешна продажба на билети за филм и награда за неговиот триумф на Оскарите.

Буџетот за снимање на Опенхајмер беше 100 милиони долари. Иако тоа е многу, филмот заработи неверојатни 958 милиони долари ширум светот.

Нолан е познат по неговите церебрални филмови и првпат беше номиниран за Оскар за сценарио во 2002 година за „Memento“, кој исто така го режираше. Тој беше номиниран за најдобар режисер во 2019 година за филмот „Данкирк“ од Втората светска војна.