Крис Картер: Долетав во Скопје на работа, но…
Крис Картер, писателот на одлични крими-романи, на штандот на Сакам книги во Скопје, беше дочекан од читателите кои чекаа во ред долг скоро до влезот на Саемот на книгата за да се поздрават и добијат автограм од нивниот омилен пистаел.
Картер беше ѕвездата на овогодишното идзание на Саемот на книги, а несебично застана да се потпише во секој примерок од неговите книги и да се фотографира со фановите.
Неколку дена по овој настан, Картер на својата Фејсбук страница, преку објава, се заблагодари за топлиот пречек во Скопје.
Веднаш по посетата на Скопје, Картер замина за Атина.
„Колку неверојатни беа овие денови. Македонијо, ти беше едноставно неверојатнa. Ви благодарам многу на сите за феноменалната поддршка и љубовта што ми ја покажавте. Исто така, многу благодарам на сите од @sakam_knigi
За беспрекорна организација на настаните.
Летав за Скопје на работа, но таму не го правев тоа. Она што го направив беше да си поминам најфантастично и да запознав неверојатни луѓе – луѓе кои сега сум привилегиран да можам да ги наречам пријатели“, напиша Картер на Фејсбук.
Крис Картер пишува тешки, психолошки, крими романи, а неговите приказни имаат легии фанови низ целиот свет. Тој е најпродаван автор според Сандеј тајмс во Обединетото Кралство и има продадено над милион примероци само во Германија.
Неговиот серијал одлични трилери се однесува на детективот Роберт Хантер кој, заедно со својот партнер Гарсија, трага по сериски убијци во мрачните лавиринти на Лос Анџелес. Книгите се познати по неверојатно креативните убиства, изобилството од крвави и насилни сцени и одличниот стил на пишување.
Крис Картер е роден во Бразил, а по завршувањето на средното образование оди во САД, каде што студира психологија со специјализација за криминално однесување. Како криминален психолог има работено неколку години, а потоа почнува со музичката кариера како професионален музичар – гитарист. Пред неколку години се откажал од сето тоа за да стане писател со полно работно време.