Кремљ нападнат од украински дронови, наводно имало обид да се убие Путин (ВИДЕО)
Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во текот на ноќта во обид да биде убиен претседателот Владимир Путин, потврди руската претседателска администрација.
Жителите на Москва пријавиле дека слушнале две експлозии зад ѕидините на Кремљ веднаш по 2 часот по полноќ по локално време. Снимката споделена на Телеграм од жителите го сними инцидентот – се гледа како чад над небото над Кремљ.
Сега, властите велат дека станува збор за дрзок напад од Украина со помош на два дрона што биле уништени.,Нема информации за повредени, јавија руските медиуми.
Кремљ, оквалификувајќи го инцидентот како „планиран терористички напад“ и „обид за атентат врз претседателот на Русија“, сега се заканува дека ќе преземе „одмазднички мерки“, јавија западни медиуми.
Путин не бил во Кремљ во време на нападот, а руските власти веднаш донесоа одлука да се забрани летањето дронови над Москва. Инаку, минатата недела исто така имаше информации за наводни обиди за атентат врз Путин со дронови од страна на Киев, а пред четири дена гореше и складиште за нафта на Крим, кое според руските тврдења исто так било нападнато од украински дронови. Инаку, официјална Москва веќе ја откажа прославата на 9 Мај во повеќе градови во Русија поради безбедносни закани а поради поразите, т.е. немањето со што да се пофали од војната со Украина, ова може да биде предтекст за откажување и на прославата во Москва каде би морал да се појави Путин.