Кремљ: Ќе одговориме на барање на другарите од Северна Кореја за вакцини


Русија внимателно ќе го разгледа секое барање од Северна Кореја за набавка на антиковид вакцини, изјави денеска портпаролот на кремљ, Дмитри Песков.

„Другарите од Северна Кореја се добро запознати со нашите бројни вакцини, свесни се и за нашето искуство во борбата против Ковид. Ако има барања од Пјонгјанг, на нив ќе биде одговорено адекватно“, рече песков, пренесе Тасс.

Наводно, во Северна Кореја шест лица починале од последиците од вирусот, а околу 350.000 покажале симптоми на инфекција, соопштија севернокорејските државни медиуми.