Кремљ демантира дека сопругата на Асад барала развод


Москва ги демантираше информациите во турските медиуми, според кои Асма Асад – сопругата со британско потекло на поранешниот сириски претседател Башар Асад – барала развод и сакала да ја напушти Русија, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли тврдењата на турските медиуми дека Асад има ограничување на движењето во Москва и дека неговиот имот е замрзнат.

Запрашан во конференциска врска дали информациите одговараат на реалноста, Песков кратко одговори: „Не, тие не одговараат на реалоста“.

Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма Асад поднела барање за развод во Русија, каде што семејството на Асад доби азил претходно овој месец, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск во молскавична офанзива.

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека не избегал туку бил евакуиран во Русија од базата Хмеимим во Сирија вечерта на 8 декември.