Кран падна врз воз во движење: Десетици повредени, има и мртви


Најмалку 22 лица загинаа кога градежен кран падна врз воз во движење во Тајланд денес, соопшти тајландската полиција.

Според извештаите, 79 лица се повредени, од кои осум имаат сериозни повреди.

„Инцидентот се случил околу девет часот наутро, по локално време, додека се работело на изградба на брза железничка линија. Градежен кран се урна врз воз што доаѓал од Бангкок“, изјави Тачапон Чинавонг, началник на полицијата во покраината Након Рачасими, јавува Би-би-си.

Портпаролката на тајландската железница објави дека, врз основа на распоредот на седиштата, во возот имало 195 лица.

Вицепремиерот и министер за транспорт на Тајланд, Фипат Рачакитпракарн, наредил „темелна и сеопфатна истрага“ за причината за несреќата.

Кранот работел на проект за брза железница пред да се урна и да удри во вагон во движење, предизвикувајќи тој да излезе од шините и накратко да се запали, според Би-Би-Си.