Крајна цел на „Отворен Балкан“ е да нема застанување при патувањата во регионот
-Тоа е крајната цел. Да нема ниту еден полицаец, се изготвуваат софтверски решенија за таа контрола да се прави по електронски пат, тоа е процес што треба да го изодиме. Работната група работи заедно со колеги од Србија и Албанија. Ни претстои период на летни одмори и голема фреквенција на граничните премини, рече Спасовски.
Тој кажа дека од моментот на согласување околу една идеја на државите постојат уште многу оперативни активносто за да се стигне до крајната цел.
-Наша заложба е исто така зачленувањето во Еворпската унија и во делот на интегрираното гранично управување треба да ги следиме сите правила и прописи, рече Спасовски.