Крахот на „Саутвест“ може да ја чини авиокомпанијата до 825 милиони долари


Трошоците за падот на услугите на „Саутвест ерлајнс“ (Southwest Airlines) за време на празниците на крајот на годината може да ја чинат авиокомпанијата речиси една милијарда долари и ќе предизвикаат да пријави загуба во четвртиот квартал, се вели во известувањето на авиокомпанијата во петокот.

„Саутвест“ соопшти дека трошоците за откажување на повеќе од 16.700 летови помеѓу 21 и 29 декември ќе бидат некаде помеѓу 725 милиони и 825 милиони долари. Нешто повеќе од половина од трошоците произлегуваат од изгубениот приход, а другиот од компензација за клиентите и зголемените оперативни трошоци.

Се вели дека само загубата на приходи била најмалку 400 милиони долари. Другите трошоци вклучуваат надоместоци, дополнителни работни часови и нудење бенефиции за лојалните патници како компензација, пренесе „Си-Ен-Ен.