Крадци го ограбија Карло Анчелоти, ќерка му ги преплашила


Крадци упаднале во куќата на менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти и однесле сеф, пренесуваат медиумите од Британија.

Полицијата е викната на местото на настанот во петок во 18.35 часот по локално време, откако две маскирани лица провалиле во станот.

Карло во тоа време не бил дома, но таму се затекнала неговата ќерка Катја. Таа ги преплашила крадците кои потоа побегнале.

Катја појаснила дека крадците носеле фантомки и водоотпорна облека.

Ова не е прв пат крадци да упаѓаат во станови на играчи и тренери во Премиер лигата во зоната Мерсисајд.

Своевремено истото се случи и кај поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард кога крадци му влегоа дома додека тој играше меч против Марсеј.

Тогаш дома беа неговата сопштуга Алекс и неговите деца.
Крадци упаѓаа и во куќата на напаѓачот на „црвените“, Питер Крауч во 2006 и во 2011 година.

И на поранешниот капитен на Евертон Фил Џагиелка му се случи слична ситуација кога провалници влегоа во неговиот стан во Чешир.