Ковачки бара од Буши да каже како успеал да плати 20.000 евра ноќевање

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник го повика Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи, да каже како успеал да го плати ноќевањето во Истанбул од 20.000 евра, односно како ги стекнал тие пари. Ковачки додаде дека, ако пак Буши не го платил тоа сместување, да даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.
-Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите, рече Ковачки.