Ковачевски: Земјите што ќе носат одлуки и ќе прават реформи први ќе влезат во Унијата
Оние што ќе носат одлуки и што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, а тие што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат, изјави вечерва на прес-конференција во Тирана премиерот Димитар Ковачевски, кој учествуваше на Самитот на Берлинскиот процес.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали разговарал со холандскиот премиер Марк Руте за неговиот став да нема датуми и рокови за проширување, Ковачевски рече дека Холандија е голем пријател на нашата земја, но и дека оние земји што ќе бидат подготвени ќе влезат побрзо во Унијата.
-Премиерот на Холандија Марк Руте е голем пријател на нашата држава и Холандија и неговите ставови се секогаш јасни. Кога зборуваме за проширувањето, многу јасна беше и изјавата претходно во Блед и подоцна на претседателот на Европскиот совет и на другите лидери дека тие сакаат да ја подготват Европската унија за проширување до 2030 година, што значи дека реформите треба да се одвиваат во земји – членки во самата Унија за да може да функционира за важни прашања за нивното интерно оперирање со повеќе земји членки. Меѓутоа останува фактот дека оние што ќе бидат подготвени, тие ќе влезат побрзо, оние што нема да бидат подготвени ќе влезат подоцна така што не постои рок за сите земји одеднаш туку тие кои што ќе бидат подготвени да влезат во ЕУ тие ќе влезат, тие што нема да бидат подготвени тие нема да влезат, рече премиерот.
Посочи дека Северна Македонија е карактеристичен пример бидејќи ние го започнавме нашиот кандидатски статус заедно со Хрватска, која беше дел од Западен Балкан, а денес е земја – членка на Европскат унија со воведено евро, дел од Шенген.
-Ние не сме за тоа затоа што ние не носевме одлуки. Имавме период од цела една деценија кога естаблишментотр сметаѓше дека не треба да се носат одлуки за пристапување кон ЕУ и резултатот го гледаме. Така ќе биде и во иднина. Оние што ќе носат одлуки, што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, оние што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат, рече Ковачевски во Тирана.
За пораките од европските лидери упатени на Самитот што се однесуваа на реформите во земјите од Западен Балкан рече дека тие се согласно неговите убедувања и веќе истакнати заложби. Ковачевски рече дека повеќе пати нагласил дека добрососедските односи и реформи се основа на интеграцијата на регионот во Европската унија.
-Доколку регионот биде обременет постојано со конфликтите од минатото, доколку цело време постојат политички сили кои исклучиво гледаат во нешто што се случувало пред 70 години, доколку шесте држави oд Западен Балкан се свртени кон минатото, а не се свртени кон иднината тогаш секако такви пораки ќе доаѓаат од ЕУ. Ако ги земеме почетоците на Европската унија пред 70 години каде што исто така шест држави ја имаа почнато ЕУ, погледнете ги нивните истории какви биле и во Втората светска војна и во Првата светска војна и во вековите пред тоа. Но тие ги надминале своите разлики, рече Ковачевски на прес-конференцијата.
Тој посочи дека Западен Балкан треба да гледа како овие земји во минатото надминале конкретни прашања за денес имаат Унија која што е најголем светски пазар, најбогат светски пазар и организација во која што сакаат да се приклучат на други змеји членки. Според него, пораките се јасни.
-Конечно агендата, прашањето за проширување го има високо на својата агенда. Ако досега проширувањето беше интерес на земјите аспиранти денес проширувањето е интерес и на самата Европска унија. ЕУ веќе започна својот процес на дискусија за внатрешни реформи, по односно функционирањето на унијата со повеќе земји членки, по пристапување на оние коишто ќе бидат подготвени и не случајно го кажувам тоа, на оние кои ќе бидат подготвени, бидејќи се работи за одлучување во основа на достигнување и секоја земја-членка согласно своите реформите што ги прави, согласно одлуките кои ги носи така ќе се приклучува во Европската унија, одговори Ковачевски на новинарските прашања.
Повеќе пари за инфраструктура и соработка за олеснување на бизнисите. Ова беше одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашања кои придобивки се можни по овој Самитот на лидери на Берлинскиот процес денес во Тирана.
– Се работи за декларациии кои се однесуваат на олеснување на транспорт, декларации во вклучување во единствен систем за плаќање, во делот на инфраструктура за спроведување на зелениот договор. Во една декларација веќе има согласност од Германија, од КФБ банката за инвестциии до милијарда евра кои се однесуваат на делот на енергетика. Искористување на фондот за Западна Европа кој се однесува исто на инфраструктурни проекти, Европската банка за финансисирање на Коридор 8 железничко поврзување со Албанија, што ќе овозможи излез на Драч, рече Ковачевкси.
Се зборувало и за поголема соработка со цел подобро одвивање на трговијата во Западен Балкан. Односно компаниите полесно и поедноставно да плаќаат.
– Воведување во системот за плаќања за кој веќе треба да се разговара, во однос на оние земји и компании коишто соработуваат со компании од земји членки на ЕУ да можат да бидат вклучени во систем во кој побрзо ќе одат и поедноставено ќе одат плаќањата со помали трошоци, сè се тоа придобивки кои нашите компании ќе ги имаат во иднина. Тоа се активности кои ќе следат и знам дека ќе има резултати затоа што она што досега го направивме во овие две години додека јас сум на овие Самити, истакна Ковачевски.