Ковачевски: Во македонскиот парламент има пратеник од УДБА

Во македонскиот парламент има пратеник од југословенска тајна разузнавачка служба УДБА. Тоа во парламентот го соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
„Архаичните концепти од времето на национал-романтизмот за создавањето на големи држави се завршени. Конечно помина оваа работа“, рече Ковачевски и додаде:„Балканот не е она што беше во 1990-тите. Регионот има земји членки на НАТО и на ЕУ, но има и земји кои преговараат за членство во ЕУ”.
Но, додаде тој, не е изненаден од фактот кога ќе види 80-годишни
политичари во земјава и во соседните земји да го бранат концептот на неградење
коридори и да има кавги меѓу државите, бидејќи така ја изградиле
кариерата“.
„ Мене не ме зачудува кога ќе видам 80-годишни политичари во нашата држава и во соседните, кои уште го застапуваат тој концепт да не се градат коридори и да има кавга меѓу државите. Зошто? Тие така ја изградиле кариерата. Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има? Да ја види државата во ЕУ? Тој кариера изградил за државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. И вие од него очекувате да ја носи државата во ЕУ? Тоа не може. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари, кои виделе што сакаат новите генерации“ – рече Ковачевски.
Премиерот зборуваше за патот од Призрен до Тетово и рече дека се работи за идеја на општините Тетово и Чаир која е многу постара од посетата на косовскиот премиер Албин Курти.
– Тој пат може да биде предмет на разговор помеѓу комшии, меѓу претставници на политички партии, помеѓу пријатели, меѓутоа предмет на реализација може да биде само помеѓу владите. Не е важно дали дошол косовскиот заменик-министер да разговара со некоја партија за тоа. Тој може да разговара со секого. Владите имаат потпишано меморандум кој вели дека во иднина треба да се размислува за изградба на пат кој ќе ги поврзува Призрен и Тетово и ќе се приклучи на Коридорот 8 – рече Ковачевски.