Ковачевски со честитка за Денот на независноста на САД


Димитар Ковачевски (Фото: Б. Грданоски)
Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до граѓаните на САД, по повод Денот на независноста.Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека САД се нашите стратешки партнери чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава.

Во продолжение е интегралната честитка на премиерот:

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, чија поддршка во сите предизвици од независноста до денес, вклучувајќи ја и недвосмислената поддршка за процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија, исклучително ја цениме.

Заедничката посветеност на демократијата, на слободата, еднаквоста, почитувањето на човековите права, на градењето силни демократски општества е основата на која нашето пријателство и партнерство ќе продолжат да се развиваат и зајакнуваат и на политички и економски план, но и обединети на вистинската страна како сојузници во НАТО”, се вели во честитката од премиерот Ковачевски.