Ковачевски: Скопјани ќе имаат парно на 15 октомври


Премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на „КликПлус“ на ТВ21 зборуваше за испораката на топлинска енергија и притоа порача дека скопјани ќе имаат греење кога ќе почне грејната сезона.
 
„Оваа година направивме се Скопје да има парно на 15-ти октомври, не беше лесно, со оглед на екстремно високата цена на гасот, меѓутоа со оглед на краткотрајното намалување на цената на гасот и договорот кој што „Макпетрол“ го има со добавувач со кој што традиционално работи, до крајот на октомври е обезбедена количина за работа на топланите.
 
За понатаму се спремаат нормално две решенија, се преговара и за гас, меѓутоа и да има алтернативен енергенс кој што ќе може да се користи доколку нема гас, бидејќи проблемот  не е само цената на гасот, меѓутоа и достапноста. Вие знаете дека имаше практично диверзија на „Нортсрим“ гасоводот кој што ги намали испораките, потоа често пати се случува намалување на протокот на гас за западноевропските држави, количината која што оди преку ТАП од Азербејџан  се користи целата во Италија и во Грција и дел во Бугарија бидејќи тоа се договори што тие ги имаат над 10 години, ние правиме се да обезбедиме енергенси да работи топлификација во текот на целата зима,“ рече премиерот.