Ковачевски разговараше телефонски со Столтенберг


 
Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево разговараа телефонски за прашања што се важни за регионот и во геополитички контекст. 
 
Според соопштението од владината прес-служба било истакнато силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина. При тоа била поздравена улогата на Македонија на линија на  НАТО партнерите и на заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, како и обезбедувањето на потребната поддршка за Украина.

Во разговорот е посочено и на важноста од заеднички пристап во справувањето со хибридните закани и дезинформациите како предизвици по стабилноста и безбедноста.

За аспектите на прашањата за коишто разговараа денеска премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како што е посочено, се очекува да се разговара и на престојниот јулски самит на НАТО во Вилнус, Литванија.