Ковачевски преноќил на Инфективна поради можно труење со храна
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот.
-Да, имаше премиерот здравствен преглед. Беше на Инфективната клиника поради одредени проблеми, кои што се најверојатно поради труење со храна, информира вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“.
-Безбедносни протоколи има и во секое време и во делот на исхраната. Сепак вакви случаи се можни и нормални, дури и за носители на функции, посочи Спасовски.