Ковачевски не попушта пред анкетите, избори ќе има во 2024 година

Jaс сум човек кој се држи до своите ставови, јас не менувам ставови секој ден како што прават други политичари. Избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, па потоа парламентарни, порача денес премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
-Самата анкета ви покажува дека граѓаните се определени за европска иднина за државата, бидејќи доколку се погледнат внимателнo процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика. Можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние, СДСМ, нормално со коалиционите партнери и дека ќе имаме Влада во 2024 година која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ .
Премиерот не е изненаден од анкетата на ИРИ која покажува сериозен пад на довербата во судството и власта. Тој вели дека анкетата е правена во септември по европскиот предлог што според него директно влијаело на перцепцијата кај граѓаните. Лично е задоволен од неговиот рејтинг во десетмесечното раководење со Владата не коментирајќи го рејтингот на останатите политичари меѓу кои и екс премиерот Груевски.Тој вели дека Владата е соочена со справување со најголемата економска и енергетска криза и оттука не може да се очекува.
„Во однос на правосудството, тоа е прашање за правосудните органи. Ние имаме независна правосудна власт“, додаде Ковачевски.